Пејачката Јелена Карлеуша на својот инстаграм профил објави колку е тажна поради смртта на Момир Луковац, натпреварувач во „Звезда Гранда“ кој во вторникот си го одзел животот со огнено оружје.

Сознанието дека Момир си го одзел животот поради девојка ги шокираше многумина. Покрај снимките од неговиот последен настап во кој таа му даде безброј позитивни коментари, Карлеуша имаше што да му порача на починатиот натпреварувач:

-Кој не те сакаше, дечко? Сè уште не можам да поверувам … Никој не е вреден за таква болка и таква жртва! Никој! Жал ми е што не ти го реков ова… – напиша Јелена Карлеуша во објава на својот Инстаграм профил.

Да потсетиме, Момир Луковац (24) почина во вторникот вечерта кога си го одзеде живот со пиштол во станот во кој живеел со својата девојка.

By Admin