Можете да направите салата полна со протеини за околу 15 минути

Салата од варени јајца е одлична идеја за оние моменти кога сакате да јадете нешто убаво, но не сакате да поминувате многу време во кујната. Во 100 грама варени јајца има околу 13 грама протеини, а само 155 калории. Покрај тоа, таа е една од поевтините намирници што повеќето луѓе ја имаат при рака секој ден.

Вака подготвената салата можете да ја послужите помеѓу две кришки леб како сендвич, да ја завиткате во тортиља со некој дополнителен зеленчук или да ја јадете со листови свежа зелена салата.

Состојки:

3 јајца
100 гр сирење
50 гр јогурт
1 лажица мајонез
½ лажичка сенф
1 рака сецкан магдонос
1 страк младо кромидче, или 1/2
сол и бибер по желба
Подготовка:

Јајцата тврдо сварете ги. За да добиете тврдо варени јајца, треба да ги варите 10 до 12 минути. Излупете ги и исечете ги на помали парчиња, исто и сирењето иситнете го на мали парчиња.

Кромидот и магдоносот исечкајте ги на ситни парчиња и измешајте ги со парчиња варени јајца и сирење.

Во поголем сад измешајте јогурт, мајонез, сенф, сол и бибер.

Во садот со сосот додадете ги варените јајца, магдоносот и кромидот и сè убаво измешајте.

Вака подготвената салата може да се јаде веднаш или да се стави во фрижидер да се стегне пред послужување.

By Author