Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 529 тестови, а регистрирани се 56 нови случаи на КОВИД-19, 69 оздравени пациенти и нема регистрирани починати лица.
Од вкупниот број на позитивни (56), регистрирани се 9 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се 2 починати лица, од Кавадарци (76г) и Скопје (85г). Лицата се починати во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 16.09 до 25.09.2022година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.173.215 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.319, бројот на оздравени пациенти е 333.343, на починати е 9.544 а бројот на активни случаи изнесува 432.