Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 746 тестови, а регистрирани се 169 нови случаи со КОВИД-19 и 242 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица.
Од вкупниот број позитивни (169), регистрирани се 55 реинфекции.
Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ регистрирано е едно починато лице од Струга (64г), починато на 28 август годинава во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.
Досега во земјата се направени вкупно 2.151.894 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 340.510, бројот на оздравени пациенти е 329.434, на починати е 9.490, а на активни случаи изнесува 1.586