Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 954 тестови, а регистрирани се 222 нови случаи со КОВИД-19, двајца починати од Скопје (79г) и Кичево (83г) и 268 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број на позитивни (222), регистрирана е 41 реинфекција.

Согласно, регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ регистрирани се шест починати лица, две лица од Битола и по едно лице од Кочани, Крива Паланка, Скопје и Радовиш. Починатите се на возраст од 66 до 83 години. Од починатите лица три се починати во болнички услови и три во домашни услови. Лицата се починати во период од 11.08. до 28.08.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.151.148 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 340.341, бројот на оздравени пациенти е 329.192, на починати е 9.489, а на активни случаи изнесува 1.660.

By Author