Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство известува дека во последните три дена (од 26 август до 28 август) направени се 1561 тестови, а регистрирани се 389 нови случаи на ковид-19,  698 оздравени пациенти и  2 починати лица од Скопје (79г и 85г). 

Од вкупниот број на позитивни (389), регистрирани се 94 реинфекции.

Во текот на изминатите три дена, пријавени се 2 починати лица од Скопје (79г и 85г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ се регистрирани 2 починати лица од Скопје (76г) и Кичево (63г), лицата се починати во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 18 авуст до 22 август годинава.

Досега во земјата се направени вкупно 2 149 075 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 339 881, бројот на оздравени пациенти е 328 478, на починати е 9477, а бројот на активни случаи изнесува 1926.

By Author