Празниците поминаа, меѓутоа вишок килограмите останаа. Се прашувате како да се вратите во форма откако поминавте денови покрај трпези преполни вкусна, но воедно и висококалорични храна?! Ние го имаме одговорот. Го прашавме Јанев Ивица , фитенс тренер, образован во САД и тоа во највисоко престижните  Универзитети од делот на Нутриционизмот, психологија на личност и персонал тренинг.

Имено, после секои празници во кои конзумираме тешка храна и алкохол, скоро секој од нас се запрашува како да се врати во форма, понекогаш ни се чини дека брзите диети се најдоброто решение да се вратиме во онаа форма во која сме биле пред празниците, но дали може да им веруваме на брзите диети?! Според Јанев тоа е сосема погрешен пристап, тој советува брзите диети да не постојат ни како опција.

„Брзите диети никако не смеат да се практикуваат, бидејќи тие не се трајно решение на проблемот. Брзата диета најчесто се состои со избегнување на храна и со гладување, или пак јадење само на салати без да се води сметка на трите основи хранливи вредности како што се тоа протеини, јагленохидрати и масти,  тоа честопати предизвикува шок на организмот и го слабее имунитетот, но и организмот. Најчесто неизбалансирана исхрана е една од главните причини за пореметување и на хормоните“, тврди Јанев.

Истакнува дека намалувањето на килограми со гладување и нејадење е всушност најголемата грешка.

„Се слабее имунитетот, се губи мускулатура и потоа со првиот контакт со нормална храна доаѓа до нов шок и одма повраток на килажата“, вели Јанев за „Читај ме“.

Според него решението за овој проблем е начинот на исхрана кој треба да биде здрав и соодветен постојано, а кога доаѓаат вакви денови потребен е посебен протокол за „cheat meal“ или во најлош случај „cheat day“.

„Јас со моите клиенти имам развиено посебен протокол за кога сакаат да јадат надвор од рамките на здрава храна, кој им станува дел од начинот на живеење“, појаснува тој.

Јaнев смета дека најважно од се е да се избегнува прејадување, да се избегнува солената храна, мрсната и зачинетата храна, како и сосовите, а еве и зошто..

„Најчесто сосовите содржат многу масти и тоа често доаѓаат од млечни продукти како хопла, павлака и слично кои додатно го успоруваат варењето на храната. Да внимаваме со алкохолот, бидејки тоа се калории кои доаѓаат од шекер, заклучува тој.

Потенцира дека сепак клучна е умереноста во исхраната.

„Доколку ги земете во предвид сите 300 успешните трансфорнации во последниве три години

дело на успешниот фитнес тренер и бодибилдер- Јанев кои, дефинитивно оставаат без зборови во тој случај со сигурност може да се каже дека овие совети би им помогнале на сите оние кои до скоро маскимално уживале покрај празничните трпези.

„Да намалиме со мастите и килограмите за да живееме здрав и квалитетен живот, а не поради нашиот изглед. Изгледот нека ни е само дополнителен мотив“, порачува Јанев за крај.

Автор: Симона Србиноска

By Admin