Научниците не утврдија ниту една причина за мамурлакот, но знаат дека има неколку можни виновници, а со тоа и неколку „лекови“ за да се олесни.

Алкохолот е диуретик, па дехидрираност може да се појави како резултат на почести испуштања на течности. Ова особено се случува ако пиеме во загреан простор, многу танцуваме и се потиме. Дехидрираноста прави да чувствуваме вртоглавица, поспаност и летаргија.

Премногу алкохол, исто така, доведува до проширување на крвните садови и со тоа предизвикува главоболки. Електролитниот дисбаланс и дехидрираноста исто така можат да придонесат главата да ви убие следното утро. Алкохолот, исто така се меша со производството на гликоза, што резултира со низок шеќер во крвта. Ако не произведувате доволно гликоза, може да се чувствувате слаби.

Тој исто така го нарушува сонот. Отпрвин не заспива, но го прекинува ритамот на спиењето и РЕМ фазата на спиење, па не спречува да спиеме добро за да станеме свежи и одморени.

  1. Аналгетици
    Аспиринот и другите аналгетици се ефикасни во намалување на воспалението и ублажување на болката во мускулите. Избегнувајте парацетамол затоа што лошо влијае на црниот дроб, кој претходно бил под дејство на алкохол.
  1. Пијте многу вода
    Рехидратацијата помага да се ублажат симптомите на мамурлак. Многу луѓе користат пијалоци наменети за спортисти кои се збогатени со електролити или прават раствор за рехидратација со цел да се врати рамнотежата на електролитите. Нема докази дека ова е ефикасен лек за мамурлак.
  1. Балансиран појадок
    Нискиот шеќер во крвта доведува до мамурлак. Појадокот помага во регулирање на нивото на шеќер во крвта и во ублажување на непријатноста.Нема истражување што докажало дека одредена храна, како што се сланина и пржени јајца, е поефикасна од другите. Многу луѓе веруваат дека јаглехидратите се особено ефикасни за „апсорбирање“ на алкохолот иако истражувањата не го докажале тоа.
  1. Антиоксиданти
    Алкохолот што го пиеме предизвикува оксидативен стрес во нашето тело и го зголемува производството на слободни радикали, па затоа е важно да јадете храна што има посилно антиоксидативно дејство.
  1. Кафе и чаеви
    Кафето и другите пијалоци со кофеин делуваат како стимуланси кои можат да ве ослободат од чувството на замор што доаѓа со мамурлакот.Покрај тоа, кафето, црниот и зелениот чај содржат некои антиоксиданти кои можат да ги намалат штетните ефекти од консумирање алкохол. Сепак, пијалоците со кофеин се исто така диуретици, па затоа можат да го зголемат дехидрирањето предизвикано од пијанството.
  1. Спиење
    Спиењето навистина нема замена, сите се согласуваат. Недостаток на дури и краток, лесен сон значително придонесува за зголемен мамурлак. Затоа, ако се случило најлошото и сте претерале, најдобро е добро да спиете.

By Author