Зибо Чују, член на втората кинеска лига, се најде во центарот на вниманието на јавноста од необични причини.
Сопственикот на клубот влезе во игра со популарната „десетка“ на грб во 90-та минута на првенствен натпревар со Сечуан пред неколку недели.
Неговиот влез не го смени текот на натпреварот, кој заврши со резултат 0: 0
Зибо Чују во моментов го зазема последното место во својата група по пет кола во кои забележа четири порази и споменатото реми.Овој случај не е изолиран во пониските кинески рангови.
Пред две години, Џинлин изнесе еден од инвеститорите на клубот на терен, кој со очигледен вишок килограм гордо ја носеше „седмицта“.За да биде приказната интересна, неговиот настап дојде во време кога играчите на клубот протестираа против неисплатените плати.
Foto: Profimedia