За инцидентот кој се случи на првата утакмица во Белград помеѓу Црвена Ѕвезда и Милан во кој беше вмешан Златан Ибрахимовиќ УЕФА донесе одлука, Ѕвезда ќе игра меч без публика на европската премиера и една утакмица не играње која би се однесувала на второто коло во квалификациите на Лигата на шампионите,или во случај на чуда у завршницата и загуба на титулата.
Заради провокативни пораки со увредлива содржина казнети се со 25.000 евра и уште 5.000 заради кршење на безбедноста на протоколите во време на пандемијата на корона вирус.
Меѓутоа и за оваа одлука црвено-белите треба да му се заблагодарат на Ибрахимовиќ шведскиот ас наместо да покрене приватна тужба тој го направил сосема спротивното и на адресата на дисциплината комисија на УЕФА испратил писмо со пофални зборови за организацијата на натпреварот во српската престолнина и тоа писмо влијаело на ублажување на казната на Ѕвезда.