Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо има клаузула која му дозволува да го напушти Ал-Наср.

Иако само што пристигна, во понеделникот излезе од авионот на пат кон нов клуб, Португалецот би можел да го напушти тој клуб за помалку од една година.
Во деновите откако потпиша еден од најпрофитабилните договори во историјата на спортот, беше откриено дека во тој договор има посебна клаузула која му дозволува да се приклучи на Њукасл Јунајтед.

Условот е „Страчките“ да се квалификуваат за Лигата на шампионите, што беше целта на Роналдо кога бараше нов клуб по Манчестер Јунајтед.

Откако не успеа да најде заинтересиран клуб, тој отиде во Ал-Наср, но Њукасл е во сопственост на Фондот за јавни инвестиции од Саудиска Арабија, истата земја како и сегашниот клуб на Роналдо.

Њукасл моментално е трет во англиската премиер лига со 34 бода, зад Манчестер Сити со 36 и Арсенал со 43, а пред Манчестер Јунајтед кој има 32 бода.

Шпанска Марка, покрај наводите за клаузулата, пренесува и дека Роналдо ќе замине на позајмица во Њукасл. Инаку, тој доби договор во Ал-Наср до 2025 година.

Соработката на Роналдо со Манчестер Јунајтед беше прекината на средината на сезоната по интервјуто што Португалецот му го даде на Пирс Морган, каде изјави дека се чувствува изневерен од клубот и каде искажа низа критики на сметка на менаџерот на „црвените ѓаволи“. „Ерик тен Хаг.

By Author