Норвешка и понатаму го држи првото место на листата на најуспешни земји на Зимските олимписки игри во Пекинг, додека Германија има единствена двоцифрена бројка на злато.

Норвешка потврди зошто е најуспешната земја во историјата на Зимските игри, па доминира и на оваа олипијада. Таа има 13 злата од 28 медали, со што го подобрила балансот за едно златно и една бронза во однос на претходниот ден.

Германија стигна до десет златни медали и има вкупно 20 медали, а на третото место овојпат се САД со осум златни, седум сребрени и четири бронзени медали.

Во Топ 10 се и Кина, Австрија, Холандија, Шведска, Швајцарија, Русија и Франција.

Од просторот на поранешна Југославија, најуспешна е Словенија, која има две златни, три сребрени и две бронзени медали и затоа го зазема 15-тото место на табелата на освојувачи на медали.

By Author