Јапонецот Рјоју Кобајаши после низата успеси во светскиот куп, денес на малата скокалница во пекинг стигна до златниот медал на олимписките игри.
Кобајаши дојде до првото место со145 поени од првиот скок и 129,6 поени од вториот скок, кога се чинеше дека не форсира и скокна пресметано 99,5 м.
Второто место му припадна на австриецот Мануел Фетнер кој заостана за 4,2 поени, додека до бронзата стаса пољакот Давид Кубацки со 265,9 поени, откако во последната серија потфрли Петер Превц кој дојде до најнеблагодарното четврто место.
Кобајаши испишува историја со освојувањето на златниот медал, после 50 години. Во далечната 1972 година на олимписките игри кога домаќин беше Сапоро на малата скокалница јапонската репрезентација ги освои сите три медали. Златото го освоил Јукио Каси што бил прв златен медал за Јапонија на зимските олимписки игри воопшто.