Александар Зверев влезе во полуфиналето на Ролан Гарос со голема надеж дека може да дојде до победа над Рафаел Надал, но на тој пат го спречи страшна повреда.
Во тек беше 12. гем од вториот сет, кога Надал сервираше за израмнување и тај-брејк. Шпанецот одигра добар натпревар, стигна до 6:6, но наместо да се бори да го освои вториот сет, Зверев доживеа голем пех.
Во текот на трката за една топка, Германецот незгодно се лизна и остана да лежи на земјена подлога. Веднаш стана јасно дека ни малку не е безопасno, откако од болки се тркалаше на подот, Зверев најпрвин седна во инвалидска количка, а потоа со помош на патерици го напушти теренот со голем аплауз од трибините.
Надал помина откако одигра два некомплетни сета, бидејќи Зверев мораше да го предаде, а во финалето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Каспер Руд и Марин Чилиќ.