Натпреварот од 25-то коло во Првата македонска лига – фудбал мажи во Тетово меѓу Шкендија и Победа, ќе биде забележан како прв натпревар во кој жена беше главен судија и ја делеше правдата.
Најдобрата македонска судијка Ива Пројковска одлично ја делеше правдата на мечот од 25. коло во Тетово меѓу Шкендија и прилепска Победа кој заврши со триумф на Шкендија од 2-0, со головите на Алмир Реџепи во 29. минута, и на Аденис Шаља во 68. минута.