Алекс Скот, британската новинарка, го направи она што не им беше дозволено во Фудбалската асоцијација на Англија.

Кога ФИФА се закани со санкции, Фудбалската асоцијација се повлече и беше одлучено Хари Кејн да не ја носи капитенската лента „One love“ за поддршка на ЛГБТ заедница.

Кејн, кој месеци уназад толку многу се биеше во гради дека е за слобода на говорот, сега потклекна пред првата закана со жолт картон.

Сепак, новинарката на Би-Би-Си и одржа лекција за слобода на планетата и пркосно ја носеше капитенската лента за време на преносот во живо. Ќе биде интересно да се види реакцијата на ФИФА бидејќи со нејзино суспендирање би покажала дека е слепа за слободите за кои секогаш се залага, освен кога првенството се одржува во земја која не ја почитува слободата.

By Author