Вистинскиот спектакл навивачите го следеа на „Пушкаш Арена“ во Унгарија. Во финалето на Лига Европа се сретнаа Севиља и Рома. По 90 минути игра немаше победник. Со оглед на тоа што натпреварот заврши со резултат 1:1, шампионот се роди со пенал лотарија. Таму подобро се снајде шпанскиот тим кој упати четири удари од „белата точка“, против еден Италијанец.

Тоа беше дуел на две екипи со импресивни традиции. Севиља никогаш не изгубила финале во Лига Европа, има одиграно шест од нив, додека Жозе Мурињо никогаш не загубил европско финале, сето тоа гарантираше возбудливо финале, и тоа го добија навивачите. По голема драма, Севиља по седми пат го крена трофејот, додека Португалецот првпат е поразен во финале, и тоа седмо.

Првото полувреме беше полно со возбудувања. Најпрво одлична прилика имаше Леонардо Спинакола во 12. минута. Имаше прилика во срцето на шеснаесетникот да испуца топката, но Бону беше присебен и одлично реагираше.

Мирно беше до 35. минута кога Рома ја шокираше Севиља. По брзиот прекин, брилијантно беше проигран Паоло Дибала во средината, кој успеа да стигне до топката меѓу чуварите и да го матира Бону за 1:0.

Рома на почетокот на вториот дел и ја даде иницијативата на Севиља, имаше неколку излетувања во ривалската половина, а потоа од 55. минута Шпанците израмнија.

Иван Ракитиќ испрати одлична топка по десната страна. Несмасно ја зафати Џанлука Манчини во обид да интервенира пред Јусеф ен Несири и ја испрати во неговата мрежа.

Пет минути подоцна Рома можеше да дојде до ново водство, во 60. минута по одличното нафрлање на Роџер Ибањез и Абрахам имаше можност да ја затресе противничката мрежа

Италијанците беа бесни по одлуката на Ентони Тејлор да досуди пенал откако Ибанез го собори Лукас Окампос. Сепак, откако го прегледа видеото на ВАР, тој ја промени својата одлука.

Како што се приближуваше крајот на мечот, тензиите растеа. На другата страна, во 81. минута Ентони Тејлор не свирна пенал за Рома, иако топката удри во рака во играч на Севиља. Ниту помошникот на Жозе Мурињо, кој доби јавна опомена, не можеше да се помири со тоа.

Во последната, шеста минута од судиското продолжение, Севиља имаше напад за победа, Шпанците се заканија преку Сус и Фернандо, но без промена на резултатот.

Во првото продолжение ниту една екипа не сакаше да ризикува. Го чекаа киксот на противникот, но не го видоа, резултатот остана 1:1.

И по второто продолжение немаше голови, па шампионот во Лига Европа беше решен со пенал рулетот.

Севиља таму подобро се снајде. Боно го одбрани ударот на Манчини, а по третата серија Боно го одбрани и шутот од Ибанез. Тоа беше доволно шпанскиот тим да слави со 4:1

By Author