Две дозволени супстанци кои се користат за подобрување на работата на срцето се наведени на формуларот за антидопинг контрола што беше пополнет за руската лизгачка Камила Валиева, пред да се открие дека е позитивна на забранетата супстанција триметанзин.

Светската антидопинг агенција (ВАДА) во поднесокот за случајот со рускиот лизгач наведе дека спомнувањето на формите на Л-карнитин и хипоксен, и двата дозволени лекови, го поткопува аргументот дека забранетата супстанција триметанзин била случајно проголтана.

Хипоксен, лек кој го зголемува дотурот на кислород во срцето, е супстанца која Американската антидопинг агенција (УСАДА) неуспешно се обиде да ја стави на листата на забранети.

Л-карнитинот, уште еден засилувач на кислород, е забранет доколку се внесе над одредени граници. Тој додаток беше фокусна точка на случајот со допинг против атлетскиот тренер Алберт Салазар.

Комбинацијата на двата лека со 2,1 нанограм триметанзин, лек пронајден за време на тестирањето на Валиева на 25 декември, „е навестување дека нешто посериозно се случува“, изјави извршниот директор на УСАДА, Тревис Тајгарт.

Валиева била позитивена на забранетата супстанца триметанзин, на тестот направен на 25 декември на руското државно првенство.

Таа на 7 февруари освои златен медал во екипното лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг, а набргу по тој натпревар и неколку часа пред да се додели медалот, лабораторијата во Стокхолм објави дека Валиева е позитивена на триметанезин, кој е на список.забранети супстанции од 2014 година

Судот за спортска арбитража (CAS) ја укина привремената суспензија на 15-годишната лизгачка и ѝ беше дозволено да остане да се натпреварува во Пекинг.

Поради нејзината возраст, таа се смета за „заштитена личност“ според антидопинг правилата и може да избегне построга казна. Нејзините тренери и соработници се под истрага.

Валева е прва по кратката програма, а во четврток на програмата е слободна програма по која ќе бидат познати освојувачите на медали. Таа е голем фаворит за злато, а во случај да освои медал нема да има доделување.

By Author