Поранешната американска тенисерка Серена Вилијамс (41) роди девојче, објави вечерва Ројтерс.

Поранешната американска тенисерка Серена Вилијамс роди девојче, објави вечерва Ројтерс.

– Добре дојде мој прекрасен ангелу – напиша Серена Вилијамс во описот на видеото кое беше објавено на Тикток и додаде дека девојчето се вика Адира Ривер Оханијан.

@serena

Welcome my beautiful angel

♬ original sound – Serenawilliams

Серена Вилијамс е во брак со Алексис Оханијан од ноември 2017 година. Серена Вилијамс и Алексис Оханијан ја имаат ќерката Оливија, која се роди во септември 2017 година.

Серена Вилијамс (41) во кариерата освои 23 Грен слем титули во сингл, а играчката кариера ја заврши минатата година на УС Опен.

By Author