Осумдесетиот Филмски фестивал во Венецоја ќе се одржи од 30 август до 9 септември.
Во овој град полека пристигнуваат познатите личности, а меѓу нив се и Амал и Џорџ Клуни.
Папараците ги фотографираа кога со брод пристигнаа во Венеција, а стајлингот на убавата Амал уште еднаш привлече внимание.
Таа важи за една од најстилските жени, а сега покажа дека и во едноставна комбинација можете да изгледате фантастично. Облече црно-бел фустан во А линија, а изгледот го комплетираше со црни потпетици, како и чанта и очила во иста боја.
Џорџ беше и во лежерно издание и уште еднаш ја потврди титулата еден од најпосакуваните мажи во Холивуд.
За потсетување, Амал и Џорџ се венчаа во Венеција на 27 септември 2014 година и ги имаат близнаците, ќерката Ела и синот Александар.