На 56-годишна возраст почина познатата пејачка Шинејд О’Конор.

Ирската пејачка стана позната ширум светот во 1990 година со нејзината потресна обработка на „Nothing Compares 2 U“, проследена со бројни нумери како „Troy“, „No man’s woman“ и други.

Според „Дејли мејл“, пејачката починала по тешка, едногодишна битка со менталното здравје.

Да потсетиме, пред една година синот на познатата пејачка Шејн (17) се самоуби по бегството од болница, што целосно ја дотолчи Шинејд.

Во својот последен твит О’Конор објави фотографија од нејзиниот син Шејн и напиша:

– Оттогаш живеам како полумртво суштество. Тој беше љубовта на мојот живот, светлината на мојата душа.

By Author