Норвешката претставничка во крос-кантри скијање Тереза Јохауг го освои својот прв златен медал на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Таа победи на 15 километри скиатлон во саботата наутро.
Норвежанката помина седум и пол километри во класичен стил и седум и пол километри во слободен стил за 44: 13,7 минути, што и го донесе најсветлиот медал.
Јохауг досега во кариерата има десет светски шампионски титули, а ова и е прво индивидуално олимписко злато.
Сребрениот медал го освои Русинката Наталија Непрјајева, додека на последното скалило од победничкиот подиум се искачи Австријката Тереза Стадлебер.
Заостанаа од победникот 30,2 односно 30,5 секунди.