Денвер Нагетс во третиот натпревар од големото финале на НБА го победија тимот на Мајами Хит со 109:94 и со тоа ја вратија предноста во серијата на 2-1.
„Мислам дека е прв пат во историјата на финалињата двајца кошаркари да имаат трипл-дабл на ист натпревар“, во неверување беше тренерот на Нагетс, Мајк Мелоун по мечот, гледајќи ја статистиката на неговите двајца најдобри играчи.
Ова, вели, требало да се очекува од Јокиќ. Не баш од Марио.
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ забележа историски трипл-дабл од 32 поени, 21 скок и 10 асистенции, со што стана првиот играч на кој тоа му успеало во финалето.
Дополнително на ова, Јокиќ и Мареј се првите соиграчи кои постигнале трипл-дабл во ист натпревар од финалето на НБА.
Џамал Мареј, кој исто така забележа трипл-дабл, со 34 поени, 10 скока и 10 асистенции и Кристијан Браун со 15 поени, додека во редовите на Мајами блескаа Џими Батлер со 28 и Бем Адебајо со 22 поени.
Од самиот старт се водеше голема битка меѓу двата тима, при што Мајами рано поведе откако Бем Адебајо продолжи таму каде што застана во вториот натпревар.
Единствен расположен во тие моменти во тимот кај Денвер беше Џамал Мареј, и тоа можеше да го радува Мајк Мелоун.
Мареј за три минути постигна шест поени, но Мајами поведе со 9:8. Следуваше серија грешки на двете екипи, а на првиот тајм-аут кој го побара тренерот на Мајами, Ерик Споелстра, домашните ја задржаа таа блага предност (14:12).
Сепак, после тоа Никола Јокиќ тргна во неверојатна серија, правејќи скокови и полагања, за првпат да му донесе водство на Денвер.
Тој врза шест поени, додека во тие моменти запре нападот на Денвер. За првпат на теренот се најде играчот на Нагетс, Реџи Џексон , кој промаши тројка во последната секунда од четвртината. Првиот дел Јокиќ го заврши со 10 поени, седум скока и три асистенции.
Јокиќ беше на пат за уште еден трипл-дабл по првото полувреме, но Џамал Мареј беше главната причина поради која Денвер имаше предност.
Јокиќ во еден момент беше раскрварен, по што натпреварот мораше да биде прекинат.
Клупата на Денвер одлично ја отвори втората четвртина со тројката на Брус Браун и полагањето на Џеф Грин, па за Бем Адебајо повторно го израмни резултатот со пет врзани поени.
Во вториот дел блескаше Џамал и заедно со Јокиќ го предводеа тимот. Нагетс малку подобро го затворија полувремето, а тимот од Колорадо на одмор замина со +5, 48:53.
Третата четвртина беше многу важна со оглед на тоа што во тој период избраниците на Мајк Мелоун направија голем чекор кон враќање на брејкот.
Она што следеше во вториот дел беше навистина магично. Третиот дел Нагетс го отвораат со серија од 6:0, стигнувајќи до двоцифрена предност која не ја испуштија до крајот на мечот.
Посебно брилјираше Никола Јокиќ, српскиот кошаркар во овој период постигна 14 поени, а тоа беше предност на Нагетс пред четвртата четвртина 68:82.
Последната четвртина беше само рутинска работа за четата на Мајк Мелоун, кој кон крајот внесе играчи од клупата.
Следуваше голема серија на Денвер предводено од Кристијан Браун.
Тој донесе голема енергија од клупата на Денвер, кој стигна до 19 поени предност. Во тие моменти Браун буквално се „расгоропади“. Момчето кое во првата година во НБА лигата стигна до 15 поени во финалето, тогаш речиси ги реши дилемите околу победникот.
Не престана да блеска ниту Јокиќ кој постигна четири врзани поени. Мајами тргна во мини трка и ја намали максималната предност на Денвер од 21 поен на 15, но тоа не беше доволно.
До крајот на мечот Денвер успеа да ја одржи предноста и убедливо да стигне до пауза.