Не игра речиси една година, но никогаш не го напушта тенисот.
Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер и неговите соработници сакаат да го купат Мастерсот во Синсинати.
Федерер и неговиот агент Тони Годсик ја основаа менаџерската агенција „Тим 8“ во 2013 година, косопственик на Лејвер купот, мнозински инвеститор во системот „Универзален тенис“, стратешки инвеститор и партнер на компанијата „Он трчање“, а сега сака да се впушти во нова авантура.
Токму со споменатата компанија за управување, Швајцарецот сака да добие 93,8 отсто од сопственоста над Мастерсот во Синсинати.
Во февруари оваа година беше објавено дека USTA (Асоцијацијата на тенис на САД) планира да го продаде турнирот за „збир од девет цифри“.
„Одборот на директори на USTA верува дека е време да се истражат потенцијалните стратешки опции со цел да се оптимизира растот во иднината на турнирот и да се подигне турнирот на повисоко ниво“, се вели во соопштението.
Федерер не би имал проблем со цената, бидејќи неговите спонзорски договори се големи и кога не игра. Тој Синсинати го освојуваше рекордни седум пати.
Поранешниот тенисер Енди Родик ги коментираше и случувањата околу купопродажбата на турнирот во Синсинати.
Во светот на тенисот, каде судирите на интереси немаат граници, Роџер може да го стори тоа. Сепак, тој е икона на оваа игра и создаде одличен однос со навивачите на Синсинати. Убаво е да се види турнирот како останува во тениско семејство и управуван од некој што го разбира и го сака нашиот спорт“, рече Родик.