Осминафиналето во Лига Европа и дуелот меѓу Севиља и Фенербахче донесе нов голем скандал.
Споменатиот натпревар се одигра во Турција, а за Севиља бранеше српскиот голман Марко Дмитровиќ.
Во 55. минута турски хулигани со запалка го погодија Дмитровиќ во главата, по што му ја раскрварија главата, а медицинскиот персонал на Севиља на теренот му ја соши раната на Србинот.
Дмитровиќ стисна заби и реши да продолжи да брани и покрај овој инцидент.
Натпреварот заврши со резултат 1:0 за Фенербахче, а победничкиот гол пред целиот скандал го постигна Енер Валенсија. Сепак, Турците не беа среќни, бидејќи Севиља победи со 2:0 во предходниот натпревар и со тоа се пласираше во четвртфиналето.
Во реваншот Дмитровиќ одбрани два удари кои беа во рамката од голот и со тоа и помогна на Севиља да влезе во четвртфиналето на Лига Европа.
Дмитровиќ имаше конфликт и во предходното коло, но со навивач на ПСВ, кој го нападна на теренот, но тој беше фатен и совладан со голема брзина.