Ждрепката за Светското првенство во Катар ќе се одржи денеска во 18 часот по средноевропско време.
Познати се сите детали од извлекувањето на топката во Доха, како и дека програмата ќе ја води Саманта Џонсон, позната американска ѕвезда.
Таа своевремено работела за „Скај“, „БеИн“ и клупската телевизија на Челзи, а моментално живее во Истанбул и е голема ѕвезда во Турција.
Друштво во ждрепката ќе и прават познатиот српски фудбалски тренер Бора Милутиновиќ, кој ќе биде еден од задолжените за извлекување на топчињата, легендарниот бразилски фудбалер Кафу, поранешниот тренер на Партизан и легенда на германскиот фудбал Лотар Матеус, како и Нигериецот Џеј Џеј Окоча, Алжирецот Рабах Маџер, Адел Ахмед Малалах од Катар, Иранецот Али Даје и Австралиецот Тим Кејхил. .