Сагата за трансферот на Душан Влаховиќ прерасна во вистинска сапуница, а од ден на ден пристигнуваат нови информации.

Според италијанска „Газета“, речиси е сигурно дека српскиот репрезентативец до крајот на овој преоден период ќе ја напушти Фиорентина и ќе се пресели во Јувентус.

Весникот со наслов „Влаховиќ раскина со Фиорентина, го сака само Јувентус, Бароните се подготвени на се“, носи приказна во која клубот од Фиренца нема многу избор освен да го продаде српскиот напаѓач.

Во моментов немаме понуди, отворени сме за сите и сакаме да ја расчистиме ситуацијата“, изјави директорот на Фиорентина Џо Бароне и потсети дека клубот има проблем во комуникацијата со играчот и неговиот агент.

Она што го сакаат во Фиорентина, каде што се помирија со фактот дека Влаховиќ ќе го напушти клубот, е да добијат 70 милиони евра за неговата продажба.

Она што може да биде адут на Јувентус е желбата на Фиорентина да го избегне летниот преоден рок и евентуален пад на цената на Влаховиќ и намален простор за маневрирање.

Договорот на Влаховиќ истекува во летото 2023 година, што значи дека ќе има уште една година од договорот доколку почека до летото.

Друг адут е што според информации блиски до Влаховиќ, играчот сака исклучиво за Јувентус со кој наводно постигнал договор да заработува седум милиони евра по сезона.

Расплетот на сагата е на повидок, а „Газета“ наведува дека единствено прашање е дали Влаховиќ ќе отпатува за Торино до крајот на јануари или во јуни.

By Author