Прогноза за 30.11.2023

Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Попладне од запад облачноста ќе се зголемува и преку ноќта во крајните западни делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските минимални температури ќе се движат од -4 °C до 3 °C , додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 5 °C до 14 °C .

Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author