Прогноза за 01.12.2023

Наутро со услови за појава на магла во одделни котлини. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди и потопло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, особено во западните делови.

Минималните утриннски температури ќе се движат од 0 °C до 8 °C, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 11 °C до 17 °C.

Во Скопје променливо облачно, наутро со појава на значителна ниска облачност. Ќе дува умерен југоисточен ветер.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки услови на Македонија.

By Author