Прогноза за 29.11.2023

Променливо облачно со сончеви периоди, а во крајните западни и северни делови со слаби врнежи од дожд, на планините слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од -2 °C до 5 °C, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 2 °C до  12 °C.

Во Скопје променливо облачно со услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author