Прогноза за 09.12.2023

Наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер. Попладне облачноста ќе се зголемува.

Минималните утрински температури ќе се движат од -6 °C до 0 °C, додека максималните дневни ќе се движат во интервал од 3 °C до 11 °C.

Во Скопје наутро студено, а потоа сончево со мала облачност и претежно тивко.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author