Прогноза за 28.11.2023

Oблачно, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег каде ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Во некои од пониските места најпрвин врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот ќе преминуваат во дожд. Локално претпладне ќе има и услови за замрзнат дожд. Во западните делови ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, најизразен вдолж Повардарието.

Утринските минимални температури ќе се движат од -6 °C до 3 °C, додека максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 2 °C до 10 °C.

Во Скопје облачно, во утринските часови со услови за слаб снег, а во текот на денот со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author