Прогноза за 27.11.2023

Сончево и многу студено, во западните делови со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми насекаде, а во текот на ноќта во северозападните делови ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб ветер, претпладне од северен, а попладне претежно од јужен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од -14 °C до -5 °C, додека мафсималните дневни ќе бидат во интервал од -1 °C до 7 °C.

Во Скопје сончево и многу студено со мала облачност.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author