Прогноза за 26.11.2023

Претпладне променливо облачно и студено, понекаде и особено во источните делови ќе провејува слаб снег. Од пладневните часови во поголемиот дел од земјата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од северозападен правец (над 70 км/час).

Минималните утрински температури ќе се двизат од -7 °C до 4 °C, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од -3 °C до 7 °C

Во Скопје претпладне променливо облачно, студено и ветровито, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен на повисоко и во источните делови од регионот.

Соопштуваат од Управара за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author