Прогноза за 25.11.2023

Облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег. Во текот на денот температурата значително ќе опадне и врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места. На планините и на повисоките места ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен (над 70 км/час) северен ветер.

Утринските минимални температури ќе се движат од 3 °C до 9 °C, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 3 °C до 13 °C.

Во Скопје облачно и студено претпладне со врнежи од дожд кои попладне и до крајот на денот ќе преминуваат во снег и се очекува да се формира помала снежна покривка, особено во повисоките делови од котлината. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author