За почетници готвачи кои не поднесуваат неред во кујната.

Ова е едно од оние јадења што буквално секој може да ги подготви, нема да направи апсолутно никаков хаос во вашата кујна, а сите што ќе ги послужите ќе бидат воодушевени. Одберете шунка или пршута по ваш вкус како и по видот на сирењето, а освен чадено можни се и сите останати полномасни тврди сирења.

Состојки:

5 мали тиквички
40 гр пармезан сирење
50 гр презла
200 гр димен кашкавал (сирење)
200 гр квалитетна шунка или пршута
сол по вкус
2 лажици екстра девствено маслиново масло

Подготовка:

Исечете ги тиквичките на кришки со лупач за компири или со нож, доколку сте доволно вешти. Во чинија или сад истурете презла, пармезан и сол и убаво измешајте. Во оваа смеса валкајте ги кришките тиквички и наредете го првиот слој во лесно подмачкан огноотпорен сад или мал плех. На врвот на тиквичките оди редот на шунка или пршута, во зависност од тоа што сакате, па на ред е кашкавалот.

Повторете ги слоевите додека не се потрошат сите состојки, наросете малку масло одозгора и печете во рерна загреана на 190°C 35-40 минути.

Пријатно!

By Author