Вечерва од 21.00 часот Виљареал и Ливерпул ги играат реванш полуфиналните натпревари од Лигата на шампионите.
Првиот натпревар во Англија му припадна на Ливерпул со резултат 2:0 со автогол на Еступињан и гол на Мане, па избраниците на Јирген Клоп се голем фаворит за пласман во финалето.
Виљареал веќе елиминираше двајца великани, во претходните кола беа подобри од Јувентус и Баерн, но првпат бркаат резултат.
Од друга страна, Ливерпул сака да го продолжи походот кон сите трофеи бидејќи веќе го освои англискиот Лига куп, игра во финалето на ФА Купот и во битка се со Манчестер Сити за титулата во Англија.
Иедните и другите ќе бидат ослабени за оваа пресметка. Унаиџи Емри не смета на ветераните Жерар Морено и Џереми Пино, додека Роберт Фирмин нема да биде во Ливерпул.
Реваншот во второто полуфинале се игра во среда од 21.00 часот, а Реал Мадрид ќе го пречека Манчестер Сити по поразот од 4:3.