Паштета од јајца
Потребни состојки:
3-4 тврдо варени јајца
150 гр издробено сирење
2 лажици мајонез
1 краставица
10-12 шери домати
5-6 парчиња интегрален леб
путер за мачкање
Начин на подготовка:
Јајцата изрендани, сирењето и мајонезот, ставете ги во еден сад па измешајте. Краставицата исечкајте ја на крупни прстени, а потоа на чепкалка ставете еден шери домат и една краставица. Потпечете го лебот, намачкајте го со путер и паштета од јајца и послужете го заедно со подготвениот зеленчук.