Уапсената македонка за дилање на Миконос е 21 годишна ќерка на татко политичар и мајка адвокат, според грчките медиуми. Ќерка на поранешен пратеник и градоначалник на Велес
Позната инфлуенсерка од Македонија, ќерка на политичар е уапсена на Миконос за учество во криминална организација која дилала кокаин и марихуана во дискотеки на Миконос.
Оле Петрова е македонската инфлуенсерка, која заедно со уште двајца државјани на Македонија и еден диџеј од Либан, се уапсени на Миконос поради продажба на кокаин.
Веста ја објави грчкиот весник „Pрототема“, од каде во веста објавуваат замаглени фотографии од приведената македонска инфлуенсерка, коишто се идентични со фотографиите што самата Петрова ги има објавено на своите социјални мрежи.
Петрова (21), која има соработувано со неколку македонски модни дизајнери, го предизвика интересот на јавноста поради нејзиното пријателство со една од најпознатите српски старлети, Сораја Вучелиќ, со која во неколку наврати се дружеше и објавуваа заеднички фотографи.
Во групата на Миконос, како што открива protothema.gr, покрај експлозивната 21-годишна русокоса, 34-годишниот водач на скопскиот картел, неговата десна рака и 35-годишник уапсен е сонародник и познат либански диџеј од добро ситуирано семејство, кој постојано живее во Атина, а во летните денови се сели во Миконос, тој купувал кокаин од скопската банда.
Конкретно, 34-годишникот како водечки член, по негова наредба и под негово водство, ги упатувал своите соучесници каде да ја чуваат дрогата, како и начинот на кој ќе ја направат достапна на пазарот со собирање на парите од продажба, додека 35-годишниот со помош на импресивната 21-годишна инфлуенсерка, чиј татко е политичар од соседната земја, а мајка адвокатка, работеле на пронаоѓање клиенти.
За време на полициската акција, властите уапсиле и либански диџеј кој бил клиент на скопскиот картел за кокаин 36-годишниот жител на Атина, кој потекнува од добро ситуирано семејство и вообичаено летува на Миконос, поседувал 3,7 грама кокаин. Тој, всушност, во изјавата што ја дал во полиција тврдел дека дрогата ја набавил од криминалната група.
Тројца македонски државјани, двајца мажи на возраст од 34 и 35 години и 21-годишна девојка, во средата биле уапсени на грчкиот остров Миконос, под обвинение за трговијасо дрога.
Од грчката полиција соопштија дека по темелна полициска истрага, било „разбиено јадрото на мрежа на странски државјани кои систематски тргувале со дрога на Миконос“ и меѓу другото биле запленети 437 таблети екстази, 219,8 грама кокаин, 270,9 грама метамфетамин и 155,7 грама канабис.
Според грчкиот весник Прототема, секој член на групата имал свои задачи, а полицијата ги следела веќе подолго време. Инспекторите и полицајците на Миконос решиле да дејствуваат, пишува Прототема, кога групата одлучила да го напушти хотелот во кој била сместена.
Либанскиот ди-џеј кој е уапсен како дел од групата се претставил како клиент на групата од Скопје. Пред полицијата, според Прототема, дал исказ дека тој само купувал дрога од криминалната група. Кај него полицијата нашла 3,7 грама кокаин.