Тежок удар во ѕидот на синот на легендарниот возач.
Мик Шумахер, синот на легендата на Формула 1, Михаел, доживеа тешка несреќа за време на квалификациите за Големата награда на Саудиска Арабија во Џеда.
Во текот на второто квалификациско коло во еден момент ја загуби контролата над својот болид кој со полна брзина се заби во заштитната ограда.
Од силината на ударите автомобилот се распаднал, а квалификациите беа веднаш прекинати.
Лекарскиот тим го однесе Шумахер од патеката, а според последните информации тој е свесен и комуницира со лекарите.
Пред него, во текот на тренингот, излета и удари во заштитната ограда и Николас Латифи.