Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен славеше на Големата награда на Монако.
Ова беше втора победа во кариерата за Холанѓанецот на улиците на Монте Карло, а четврти триумф сезонава. Дополнително, со овој триумф, Верстапен стана најуспешен возач на Ред Бул по победи, претекнувајќи го Себастијан Фетел.
Втората позиција ја зазеде Фернандо Алонсо во Астон Мартин, додека Естебан Окон заврши на третото место. Во поголемиот дел од трката ништо интересно не се случи кога беше борбата за првото место, а кога Верстапен веќе имаше сигурно водство, Алонсо ја пропушти можеби единствената можност да се вклучи во борбата, откако тимот од боксот му ставија гуми за суво, што тој подоцна мораше да ги промени.
Зад најбрзата „тројка“ се најде Луис Хамилтон, петти Џорџ Расел, додека Шарл Леклер заврши на шестото место. Меѓу првите 10 се најдоа Пјер Гасли, Карлос Саинц, Ландо Норис и Оскар Пјастри.
Кога станува збор за генералниот пласман, Верстапен е прв со 144 поени, Перез има 105, додека Алонсо е трет со 93 поени.
Следната трка ќе се вози за Големата награда на Шпанија на патеката „Каталуња“.