Ингрид Лендмарк Тандреволд, норвешка биатлонка, колабираше на патеката откако ја помина целта долга 10 километри.

Таа само се струполила на снегот и не можела да стане, па веднаш била префрлена во болница.

Натпреварот го заврши на 14. место, иако беше еден од фаворитите за медал

Докторот на норвешката репрезентација Ларс Колсруд истакна дека Тандерволд имал проблеми и за време на трката. Сето тоа кулминирало на 300 метри до целта кога таа едвај се движела, па останатите натпреварувачки ја пристигнувале една по една.

“Таа се обиде се што можеше да ја следи Елвира Елсберг, ривалка од Шведска. На врвот на искачувањето таа ја загуби силата и едвај ја мина целта. Беше многу тажна бидејќи го загуби медалот и немаше сила, не беше во несвест , само многу исцрпена. Таа не рече ништо освен „Уништив сè“. Тоа е сè“, рече Колсруд.

By Author