На социјалните мрежи се појави грозоморно видео на кое се гледа како хулигани вооружени со палки и факели ја напаѓаат полицијата на булеварот на ослободувањето во Белград.
Неколку десетици хулигани во црно, кои се вооружени со дрвени палки, денеска се судрија со полицијата која успеа да ги растера од Булеварот на ослободувањето.
На социјалните мрежи сега се појави видео од споменатиот инцидент.
Прво може да се види како хулиганите фрлаат предмети кон службениците на МУП, а потоа тие почнуваат да напаѓаат.
Еден од толпата фрли запален факел кон полицијата.
Набргу потоа хулиганите ги напаѓаат полицајците.
Станува збор за противници на манифестацијата „Европрајд“ кои со палки удриле две полициски возила и видно ги оштетиле. Искршени се стаклата на автомобилите.
Да потсетиме, денеска во Белград се одржува манифестацијата „Европрајд“. Во рамки на настанот, насобраните ќе пешачат до паркот на Ташмајдан.