Фудбалерите на Манчестер Сити и Реал Мадрид од 21 часот на „Етихад“ го почнаа првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите.
Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Реал Мадрид со 4:3 (2:1) во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.
Стрелци за Сити беа Де Брујн во 2. минута, Хесус во 11. Фоден во 53. минута и Силва во 74. минута, додека за Реал Мадрид стрелци беа Карим Бензема во 33. и 81. минута од пенал и Винисиус. во 55. минута.
Во мечот за паметење видовме седум гола, многу возбудувања и пропуштени шанси, а впечаток е дека домашната екипа можеше многу поубедливо да победи.
Сити го отвори натпреварот со два гола во првите десет минути. Најпрвин Де Брујн по одлична акција и центаршут на Марез со глава донесе предност, а Хесус набрзо со одличен потег и удар донесе 2-0.
„Граѓаните“ можеа да дојдат до многу поубедлива предност во следните десет минути, но промашија и следеше пенал.
Карим Бензема направи уште една магија од својот репертоар во 33. минута и го врати Реал во игра.
Во ист ритам продолжи и во вториот дел. Најпрво по две големи промашувања, Фоден конечно успеа да ја затресе мрежата, но Реал возврати преку Винисиус по само две минути.
Удар за удар во стилот на двајца тешкаши, а нова ерупција на навивачите предизвика прекрасниот гол на Бернардо Силва. Кога се чинеше дека мечот се прекрши, Реал Мадрид изнуди пенал кој мајсторски го реализираше Бензема.
Тој со свјот гол ги замолкна сите навивачи на стадионот и му донесе многу поприфатлив пораз на својот тим.
До крајот на натпреварот, Сити продолжи да пропушта шанси и ја пропушта можноста да ја оствари една од најголемите победи во историјата на фудбалот.
Реваншот ќе се чека со нетрпение.