Ако Наполи е сигурен шампион, битката за Лигата на шампионите ќе биде супер интересна. На седум кола до крајот шест екипи конкутитаат за четири позиции. На Лацио, Јувентус, Милан, Рома и Интер во трката им се приклучи Аталанта која вечерва стигна до голема победа над Рома од 3:1.
Фудбалерите на Аталанта ја совладаа Рома со 3:1 во последниот натпревар од 31. коло во Серија А и со тоа се вратија во борбата за едно од првите четири места кои водат во Лигата на шампионите.
Во многу интересна и на моменти остра игра, Аталанта беше подобриот ривал и на крајот забележа многу важна победа во борбата за Лигата на шампионите – 3:1.
Првиот гол на натпреварот во Бергамо беше виден дури во 39. минута, а го постигна Хрватот Марио Пашалиќ. Тоа беше единствениот удар на домашните кон голот на Рома во првото полувреме.
Предноста на црно-сините ја удвои Рафаел Толои во 74. минута. Пелегрини во 83-та го намали резултатот и и донесе надеж на „волчицата“ барем да дојде до бод, но Копминерс веќе во следната минута го постави конечниот резултат.
Рома остана петта на табелата со 56 освоени бодови, Аталанта е седма со 52.