Ова прашање загрижи многу фанови на славниот клуб.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти уверува дека хрватскиот ас Лука Модриќ ќе се пензионира во Реал Мадрид.

Тој на тој начин одговори на гласините дека Јувентус испратил понуда до Хрватот да дојде во Торино како слободен играч на лето.

Лука десет години е креатор на играта на Реал и еден од клучните играчи на „кралскиот клуб“ по доаѓањето од Тотенхем.

Тој зеде четири трофеи во Лигата на шампионите, зад себе го има финалето на Светското првенство со Хрватска и Златната топка за 2018 година.

Меѓутоа, во последно време, поради неговата возраст, а се ближи до 37. роденден, се повеќе се зборува за заминување од „Сантијаго Бернабеу“.

„Лука Модриќ ќе ја заврши кариерата тука во Реал Мадрид. Не знам кога, но така ќе биде. Ова е идеја и на клубот и на Лука“, изјави Анчелоти.

Реал на Тотенхем му плати 35 милиони евра на Тотенхем, а бидејќи Мадрид дава договор само до една година на играчи постари од 30 години, шпекулациите беа уште поголеми.

И покрај тоа, хрватскиот играч за врска продолжува да игра на високото ниво кое го бара лидерот на табелата во Примера.

Модриќ нема да има проблем да го продолжи договорот, го споредувам со Паоло Малдини“, изјави славниот италијански тренер на клупата на Реал.

By Author