Љубителите на тенисот генерално се на мислење дека најдобар играч во историјата на „белиот спорт“ ќе биде играчот кој има најмногу освоени грен слем титули.

Тоа е токму најголемата цел на Новак Џoковиќ до крајот на кариерата, откако тој го сруши рекордот по бројот на недели на првото место на АТП-листата и го подига тој рекорд секој понеделник.

Коментаторката и водителка на тениски емисии на „Еуроспорт“, Барбара Чет верува дека српскиот ас на крајот ќе излезе како апсолутен победник.

By Author