Новак Ѓоковиќ за прв пат јавно потврди дека не бил вакциниран и дека два пати се заразил со корона вирусот.

Британски „Гардијан“ го пренесе транскриптот од разговорот на Ѓоковиќ со граничниот службеник при влез во Австралија.

Тогаш Новак беше прашан кои се неговите причини за доаѓањето во Австралија, на што тој одговори дека е професионален тенисер и дека исклучиво дошол да игра на Австралија опен.

„Не бев вакциниран. Имав два пати Ковид, во јуни 2020 година и неодамна имав Ковид, бев позитивен на 16 декември 2021 година“, рече Ѓоковиќ.

By Author