Новак Ѓоковиќ денес го прослави својот 35 роденден, а по тој повод решија и од Ролан Гаррос да го изненадат.
Организаторите на турнирот решија да го изненадат Ѓоковиќ прво со торта, а потоа и со вистински подарок.

Имено, млад човек во салата донел тротинет кој белграѓани се почесто го користат како превозно средство.

Новак беше воодушевен од гестот на организаторите, а овој потег го следеше со огромна насмевка. На крајот дури ја стави кацигата и го згазна скутерот.

Заедно со Новак беше и Амели Морезмо, директорката на Грен слем, а тоа само покажува колку Ѓоковиќ е ценет и почитуван во Париз.

Да потсетиме, најдобриот светски тенисер во понеделник ќе го одигра првиот меч од 20.45 часот против Јошихит Нишиока.

By Author