Овојпат не сакаме непријатности на мечот со Србија

Дуелот меѓу Швајцарија и Србија во групната фаза на Мундијалот повторно ќе привлече големо внимание, но овојпат ќе се обидат да спречат немили сцени и провокации од теренот.

Србите и Швајцарците ќе се сретнат на 2 декември во Доха во последното коло од групата Г, а Џердан Шаќири и Гранит Џака нема да смеат да го повторат тоа што го направија на СП 2018 година.

Тогаш двајцата славеа голови покажувајќи го албанскиот орел со раце, за што беа казнети.

Сега превентивно реагираа Швајцарците и забранија вакви провокации.

„Светското првенство не е само утакмицата со Србија, дури и ако знаеме колку е оваа игра посебна, со оглед на тоа што се случи во 2018 година. Не сакаме да ги правиме истите грешки, тука сме да играме фудбал и ништо друго. Не сакаме да испраќаме никакви политички или верски пораки. Сакаме да ги претставуваме нашите вредности. Еден од нив е: почит. Покажуваме почит кон другите мислења. За мене би било грешка ако испровоцираме некого со гест, без разлика на играта“, изјави директорот на швајцарската репрезентација Пјерлуиџи Тами.

Тами додал дека нивната радост не треба да предизвикува реакции кај другите.

Не треба да има зборови, гестови или воопшто однесување што предизвикува реакции кај друѓите. Кога навиваме, ја покажуваме нашата радост, тоа е важно. Но, не мора да бидеме провокативни“.

By Author